Знаете ли што значат броевите на налепниците на овошјето?

Знаете ли што значат броевите на налепниците на овошјето?

Веруваме дека сите сте ги забележале оние налепници на овошјето, најчесто на бананите, но дали некогаш сте помислиле што тие значат?

На нив обично се наоѓа број од четири или пет цифри, а многу е важно да знаете што тие значат.

Четири цифри

Ако кодот има четири цифри кои започнуваат со броевите три или четири, значи дека производот е одгледан по пат на интензивно земјоделство од втората половина на дваесетиот век, па веројатно можна е употреба на вештачки ѓубрива.

Пет цифри кои започнуваат со бројот 9

Ако производот има пет цифри кои започнуваат со број девет, тоа значи дека производот е одгледан на традиционален начин, производот е органски, и во целост нема присутност на пестициди и ѓубрива.

Пет цифри кои започнуваат со бројот 8

Ако производот има пет цифри и започнува со бројот осум, значи дека е генетски модифициран (ГМО).

Што е со налепницата?

Доколку сте ја отстраниле од овошјето и сте ја фрлиле, тоа е во ред. Но ако некогаш случајно сте ја изеле со овошјето… и тоа е во ред! Имено, американска FDA потврди дека налепниците се направени од хартија која може да се јаде, па дури и лепилото може да се јаде. Но, не претерувајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Брза диета според вашата градба на тело

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате