Ова јадење е идеално за вистински, гурмански ручек!
Состојки:
- 500 гр пилешко бело месо
- 100 гр сланина
- малку масло
- 150 гр рендан кашкавал
- сол, бибер
Начин на подготовка:
- Исечкајте го белото месо на тенки делови.
- Пропржете ја на малку масло исечканата сланина и додајте бело месо.
- Посолете и побиберете по вкус
- Кога месото ќе биде готово, посипете го со рендан кашкавал.
- Послужете топло со ориз и туршија.
На здравје!
Телешка супа со куркума и брокула
Јагнешка чорба по традиционален рецепт