Благата и кремаста чорба е вистински гурмански оброк.
Состојки:
- 2 праза
- 1 чешне лук
- масло
- 800 мл супа од зеленчук
- 150 гр козјо сирење
- 100 мл павлака за готвење
- сол, бибер
- 2 лажици сок од лимон
- 2 парчиња бел леб
Начин на подготовка:
- Празот и лукот ситно исечкајте ги. Во лонец загрејте масло и на него издинстајте ги празот и лукот. Налијте со супа од зеленчук и оставете да се вари.
- Иситнете го сирењето и со павлаката додајте го во чорбата. Мешајте на благ оган додека сирењето не се растопи. Чорбата испасирајте ја со миксер, додајте сол и сок од лимон.
- Лебот исечкајте го на коцки и пропржете на масло.
- Послужете и уживајте!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт