БРЗ ВИКЕНД РУЧЕК: Ќофте во сос од јогурт

БРЗ ВИКЕНД РУЧЕК: Ќофте во сос од јогурт

Направете вкусен ручек за овој викенд со кој ќе имате весела и топла семејна атмосфера. Месо и компири на трпеза се идеалното решение за сите да седнат на неа.

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 4 лукчиња
  • 2 јајца
  • ½ лажици прашок за пециво
  • брашно
  • масло
  • сол
  • вегета
  • малку леб
  • малку млекоСОС: 
  • 200 мл јогурт
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол, бибер и магдонос

Подготовка:

  1. Во меленото месо се додаваат јајцата, ситно сецканиот кромид и лук, пецивото, средината од лебче, потопена во млеко па исцедена.
  2. Се ставаат зачини и се прават топчиња за ќофтиња.
  3. Секое се валка во брашно и се пржи на масло.
  4. Ситно се сецка лукот, магдоносот и во сад се мешаат јогуртот и маслото, па се додаваат и тие.
  5. Прелијте ги ќофтињата.
  6. Како прилог сварете неколку компири.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте