Одвојте само малку време и подгответе ја оваа солена торта, сигурно ќе ви се допадне!
Состојки:
- 5 компири
- 150 гр шунка
- 150 гр кашкавал
- 1 јајце
- 1 павлака
- сол, бибер
- малку масло или путер
Начин на подготовка:
- Излупете ги и исечкајте ги компирите на кругови. Гответе ги во солена вода, па извадете ги малку пред да бидат готови. Процедете.
- Во огноотпорен сад кој сте го подмачкале со малку масло илу путер, редете компири, кашкавал и шунка. И така додека не ги потрошите состојките. По компирите ставете малку сол и бибер.
- Ставете го садот во претходно загреана рерна на 200 степени и печете додека горниот дел не порумени.
На здравје!
Рецепт за вистински пица деликатес
Летен појадок кој ќе го правите секој ден
Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин