Пилешки батаци со костени

Пилешки батаци со костени

Костените на вака подготвено пилешко му даваат посебен вкус…

Состојки:

  • 5 пилешки батаци без коски
  • лажица маслиново масло
  • 2 праза исечени на кругови
  • сол и бибер
  • шолја пилешки бујон
  • шолја варени костени, исечени на четвртини
  • 2 лажици сенф
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото посолете го и побибирете го.
  2. Во тава загрејте масло на средна температура и пропржете го пилешкото околу 5 минути од секоја страна, додека не порумени, па префрлете го во чинија.
  3. Намалете ја температурата на ринглата и додајте исечкан праз во тавата, па и него зачинете го со сол и бибер. Пржете го додека не омекне, околу 5 минути. Додајте 2 лажици бујон и измешајте. Додајте ги и варените костени, како и остатокот од бујонот. Вратете го пилешкото во тавата. Поклопете ја тавата и оставете го јадењето да се готви уште 10-15 минути.
  4. На крај додајте сенф и послужете го пикантното пилешко.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Зеленчукова супа

Крем супа од моркови

Телешка супа со куркума и брокула

Мисиркина супа со јајце

Пролетна супа

Јагнешка чорба по традиционален рецепт

Крем чорба од тиква и компири