На пилешкото посебен вкус му даваат ароматичниот сос и маслинките.
Состојки:
- големо пиле (околу 1.2 кг)
- сол, бибер
- 2 главици кромид
- сува лута пиперка
- 4 лажици маслиново масло
- рузмарин
- ловоров лист
- сок од 3 портокали
- 100 гр црни маслинки без коски
- 2 лажици џем од портокал
Начин на подготовка:
- Измијте го пилето, исушете го и исечете го на 8 делови. Месото истриjте го со сол и бибер. Исечете кромид на тенки траки. Ситно исечкајте ја лутата пиперка.
- Загрејте масло во длабоко тенџере, па на него пропржете го месото. Извадете го месото.
- Кеомидот пропржете го на маслото во кое претходно го пржевте месото, додајте ги билките и сокот од портокал. Посолете и побиберете по вкус. Додајте ја пиперката, масинките и џемот од портокал.
- Месото повторно ставете го во тенџерето и пржете го со зачините 40 минути на тивок оган во поклопен сад.
На здравје!
Телешка супа со куркума и брокула
Јагнешка чорба по традиционален рецепт