Пробајте нешто ново и посебно во кујната. Направете вкусна солена торта со месо и пиперка.
Состојки:
- 400 гр телешко месо
- 2 јајца
- 2 кришки леб
- 2 пиперки
- 2 лажици кисела павлака
- 2 лукчиња
- 1 лажица вегета
- бибер
Подготовка:
- Лебот потопете го во млекото, исцедете го па издробете го.
- Додајте го меленото месо, ренданиот лук, јајцата и зачините.
- На плех ставете дел од смесата, па ставете пиперки и потоа уште еден ред од месото.
- Премачкајте со малку масло и павлаката, прекријте со фолија и печете еден час.
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин
Мусака со карфиол и мисиркино месо