За љубителите на месо ова е идеален рецепт кој ќе рашири прекрасна арома во вашата кујна.
Состојки:
- 8 кременадли без коска
- 8 листови зелка
- 3 лажици сенф
- 500 гр кромид
- 3 лукчиња
- 8 парчиња сланина
- 0,5 дл коцка за супа
- 200 мл бело вино
- брашно,сол и бибер
Како се прави:
- Месото малку исчукајте го, ставете зачин, брашно и пропржете го во врело масло.
- Секоја кременадла премачкајте ја со сенф и ставете ја во издинстан лук.
- Завиткајте ја во лист од зелка, па ставете парче сланина.
- Прелијте се со маснотијата во која се пржело месото и додајте ја супата направена во вода и белото вино.
- Печете еден час на 200 степени.
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула