Оваа вкусна салата може да ви биде и замена за оброк.
Состојки:
- 300 гр макарони
- 200 гр мајонез
- 1 павлака
- 100 гр салама Пекабеско
- 100 сува сланина Пекабеско
- 1-2 кисели краставички
- 1 кисела пиперка
- 3 варени јајца
- 3 варени моркови
- 1 свежа краставица
Начин на подготовка:
- Макароните сварете ги и изладете ги, а сланината и саламата исечкајте ги на ситни коцки. Истото направете го и со варените јајца и морковите.
- Во разладените макарони додајте павлака, мајонез и сечканите намирници, па убаво измешајте.
- Зелените краставички исечете ги на тенки листови, па наредете ги во круг, а на средина обликувајте цвет околу салатата.
Подетално во видеото во прилог:
Телешка супа со куркума и брокула
Јагнешка чорба по традиционален рецепт