Оваа торта е неверојатно вкусна, а нејзиното име е неверојатно невообичаен. Се вика Руска салата, но е блага и убава и никој не може да и одолее.
Состојки:
- 12 белки
- 12 лажици шеќер
- 6 жолчки
- 6 лажици брашно
- 6 лажици мелени оревиФИЛ
- 6 жолчки
- 6 лажици шеќер
- 600 гр млеко
- 250 гр маргарин
- 150 гр шеќер во прав
- 200 гр ореви
- 200 гр желе
- 200 гр суво грозје
- 200 гр смокви
Подготовка:
- Се матат состојките за пандишпанот и смесата се дели на три дела и се печат одделно три кори.
- За филот се матат јајцата со 6 лажици шеќер, па се става млекото и се вари на пареа додека не се згусне. Се остава да се олади.
- Се матат маргаринот и 150 гр шеќер во прав, па се меша филот со оладената смеса. Се додаваат останатите состојки, ситно исецкани, па ставете од филот меѓу корите, и премачкајте одозгора.
- Можете да ја украсите со рендано чоколадо или ореви.
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат