Се носи вино и леб во црква: Рецепт за погача за Света Петка

Се носи вино и леб во црква: Рецепт за погача за Света Петка

Православните верници ќе ја прославуваат света Петка. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.Затоа за денеска ви нудиме вкусен рецепт за празнична погача.

Состојки:

  • 650 гр брашно,
  • 20 гр квасец
  •  125 мл млеко и топла вода
  •  70 гр путер
  • 50 мл јогурт,
  •  1 јајце
  •  2 лажици сол
  •  2 лажици шеќер
  •  50 мл масло
  •  јајце за премачкување

Подготовка:

  1. Квасецот се става во мешавината со топла вода и млеко, па ќе ставите брашно, сол и шеќер, и јајцата. Додадете го и јогуртот и маслото и замесете тесто.
  2. Тестото се остава десетина минути, па се дели на 4 дела. Секој дел се расукува во кора, па потоа секоја кора се премачкува со растопен маргарин.
  3. Корите се редат на плех со хартија за печење, па погачата се сече на 8 дела.
  4. Секоја осмина се прави како плетенка, па се премачкува погачата со јајце и масло.
  5. Се пече 30 минути на 200 степени.СОВЕТ: Послужете со јогурт и сирење.

Повеќе вести на Готви.мк:

Одлична идеја за ручек

ВИДЕО: 3 брзи видео рецепти за пица

Печена пица палачинка

Пица на два ката

ВИДЕО: Рецепт за пица кој не се пече во рерна

Домашна пица капричиоза

Посна пица

Вистински пица деликатес

 

 

 

singlepost_text