Ароматичен компир од рерна

Ароматичен компир од рерна

Компир во ароматични билни зачини, уште и запечен – вистинско уживање…

Состојки:

  • 4 големи компири (излупени и исечени на коцки)
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица магдонос
  • 1 лажица сечкан лук
  • 1/2 лажица пипер
  • 1 лажица исечкан свеж босилек
  • 1 лажица исечкан свеж рузмарин
  • 1/2 лажица сол

Начин на подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 240 степени.
  2. Измешајте маслиново масло, лук, рузмарин, босилек, магдонос, пипер и сол. Во смесата ставете ги коцките компир и добро натопете ги.
  3. Компирите потоа наредете ги на плех на кој сте ставиле хартија за печење.
  4. Печете ги околу 20-30 минути со повремено мешање.

На здравје!

Повеќе вести на Готви.мк:

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?