ЛЕСЕН И БРЗ ПРИЛОГ: Вака се подготвува пилав од зеленчук! (ВИДЕО)

ЛЕСЕН И БРЗ ПРИЛОГ: Вака се подготвува пилав од зеленчук! (ВИДЕО)

Здрав, лесен и многу вкусен прилог кој ќе ве воодушеви и ќе го направи вашиот ручек повкусен.

Состојки:

  • 1 коцка за супа
  • 2 моркови
  • зачин
  • магдонос
  • бибер
  • 1 блага зелена пиперка
  • 1 лута пиперка
  • 100 гр грашок
  • 200 гр ориз
  • 1 главица кромид
  • 1 помал компир
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го зеленчукот. Кромидот пропржете го на масло, па полека додавајте го останатиот сечкан зеленчук и на крај додајте го оризот и прелијте го со вода во која претходно сте свариле коцка супа.
  2. Гответе на многу слаб оган. Пред крајот додајте зачин, бибер и сечкан магдонос.
  3. Не го мешајте пилавот, туку само лесно протресете го. Кога течноста ќе испари, пилавот е готов.
  4. Сервирајте го пилавот како прилог со некое месо.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

 

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text