Палачинки без јајца и млеко

Палачинки без јајца и млеко

Овој рецепт потекнува од античка Грција и е највкусниот доказ дека врвен десерт може да се направи и без јајца и млеко.

Состојки:

  • 100 гр меко брашно
  • 8 лажички мед
  • 1 лажичка сусам
  • 1 лажичка маслиново масло
  • 200 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Брашното ставете го во сад, постепено додавајте вода и мешајте за да не се создадат грутки. Додајте, исто така постепено, половина од медот (4 лажички).
  2. Загрејте тефлонска тава, ставете сусам и пржете го додека не добие убава жолта боја. Префрлете го во сад.
  3. Во тава загрејте масло, ставете една четвртина од смесата, така што ќе обликувате палачинка.
  4. Печете ја палачинката додека не пожолти. Повторувајте ја постапката додека не ја потрошите смесата (4 палачинки).
  5. Печените палачинки премачкајте ги со останатиот мед, посипете со сусам и послужете.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Солени палачинки

Палачинките на Леа

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка

singlepost_text