Поховани сендвич тиквички од рерна

Поховани сендвич тиквички од рерна

Лесно и брзо до вкусен оброк…

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1 кг тиквици
  • 100 гр брашно
  • 100 гр кашкавал
  • 100 гр шунка
  • масло
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците исчистете ги и исечете ги тенко, па посолете ги. Потоа оставете ги 30 минути да омекнат. Исцедете ја водата од нив.
  2. На секое парче тиквица ставете лист шунка, потоа лист кашкавал и поклопете со лист тиквица.
  3. Извалкајте ги во брашно, па во јајца кои малку сте ги разматиле и посолиле.
  4. Така подготвените тиквици редете ги во огноотпорен сад или тепсија која сте ја обложиле со хартија за печење.
  5. Посипете ги тиквиците со малку сусам. Како прилог можете да ставите и малку компири, па сè заедно испечете на 200 степени околу 30-40 минути.

На здравје!

Повеќе вести на Готви.мк:

ФОТО: Фестивал на виното во Македонско село – Втора вечер

Почнува Фестивалот на виното во Македонско село – Еве ја програмата

„Македонско село“ – магнет за домашните гости и странските туристи

Проверете кога имате автобус до „Македонско село“ – ЈСП со нова автобуска линија

Автентични куќи, хотел, ресторани… Отворен комплексот „Македонско село“

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Ѕирнете во внатрешноста на комплексот „Македонско село“