Одличен начин да го искористите остатокот од печеното месо и да направите вкусно јадење.
Состојки:
- 1 лажица маслиново масло
- 2 главици кромид, исечкан на коцки
- 3 моркови, ситно сечкани
- лажица исечкана мајчина душица
- 1,4 л пилешка супа
- 300 гр печено пилешко месо (без коски и исечкано на ситни парчиња)
- 200 гр смрзнат грашок
- 3 лажици грчки јогурт
- чешне лук, исечкан
- сок од еден лимон
Начин на подготовка:
- Загрејте масло во тенџере, а потоа додајте кромид, морков и мајчина душица. Пропржете на умерен оган околу 15 минути.
- Во тенџерето потоа ставете ја пилешката супа и оставете ја да зоврие. Потоа поклопете го тенџерето и оставете да струи околу 10 минути.
- Потоа додајте го пилешкото месо, па извадете половина од мешавината, а потоа иситнете ја во блендер. Изблендираната супа вратете ја во остатокот од супата, додајте грашок и зачинете по вкус. Гответе околу 5 минути.
- Измешајте јогурт, исечкан лук и сок од лимон. Кога супата ќе ја сервирате во чинии, во секоја порција ставете по малку од оваа смеса со грчки јогурт.
Телешка супа со куркума и брокула
Јагнешка чорба по традиционален рецепт