Знаеме дека малкумина се оние кои не сакаат да јадат пица. Меѓутоа, често тестото за ова италијанско јадење не ви успева… Со овој рецепт тестото за пица секогаш ќе биде совршено!
Состојки:
- 250 мл вода
- 1 кесичка сув квасец
- 1 лажичка кристален шеќер
- 500 гр брашно
- сол
- 50 мл маслиново масло
Начин на подготовка:
- Сувиот квасец и шеќерот ставете ги во сад со топла вода и оставете ги да отстојат десетина минути.
- Во друга чинија ставете сол и брашно. Направете вдлабнатинки во брашното и внатре ставете маслиново масло и вода во која се растопил квасецот.
- Вклучете миксер и со него разматете се` во садот со брашно.
- Потоа содржината од двата садови измешајте ја и оставете ја да стои 40, 50 минути додека не нарасне.
- Откако ќе нарасне, изгмечете го тестото со раце, па размесете го.
- Кога ќе го развлекувате, потребно е да ја побрашните површината на масата.
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука
Повеќе рецепти за десерти тука
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки