
– Без разлика каде ќе отидете, храната е направена со страст и љубов. Без разлика дали сте во главниот град Скопје, или некое село, храната е одлична и супер подготвена. Богата традиција, вкусно сирење и кашкавал, земјоделие…пишува Vogue.
Тие потсетуваат колку века Македонија била под турско робство, со што може да се забележи влијанието и во храната.
Планини, реки, езера, различна клима, не е ни чудо што успеваат толку култури во оваа земја, стои во сторијата каде се додава дека пиперките, макалото, бурекот, сите македонски специјалитети кои го одземаат здивот ќе се прават и понатаму од некој од семејството.
Се додава и кои места мора да бидат посетени:
Чардак- се наоѓа во боемскиот кварт Дебар Маало во Скопје, тоа е ресторан во кој живеат музиката и смеата. Прекрасен ресторан посетуван и од туристи.
Камин Чамо – традиционални јадења со локалните жители, шкембе чорба, ајвар, готвени јадења по најдобар вкус. Нема да најдете подобро.
Винаријата Стоби – една од најголемите винарии во Македонија, која призведува вина со богат вкус, пишува во сторијата за Македонија.
Почнува Фестивалот на виното во Македонско село – Еве ја програмата
„Македонско село“ – магнет за домашните гости и странските туристи
Проверете кога имате автобус до „Македонско село“ – ЈСП со нова автобуска линија
Автентични куќи, хотел, ресторани… Отворен комплексот „Македонско село“
ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Ѕирнете во внатрешноста на комплексот „Македонско село“