Највкусни се на скара! Научете да подготвувате костени дома!

Највкусни се на скара! Научете да подготвувате костени дома!

Кога на улица ќе почувствувате мирис на печен костен, тогаш знаете дека пристигнала вистинската есен, велат љубителите на овие плодови.

Овој учичен деликатес можете да го подготвите и дома, и тоа на повеќе начини, но важно е да набавите крупни плодови со сјајна кора на која нема дупчиња.

Следниот чекор до совршен залак е добро да ги подготвите, но постојат неколку начини на подготовка – во рерна, на шпорет, скара или во микробранова.

Ако се одлучите за печење на шпорет, пржете ги во тава. Засечете ја кората на секој костен, а потоа ставете ги во тава, додајте малку вода и повремено протресувајте. Кората ќе се раствори, а костените ќе добијат убава боја.

За подготовка во рерна, секој костен засечете го со нож по средината, а потоа пропрскајте ги со вода и ставете ги да се печат. За подоцна убаво да се лупат, додека се жешки ставете ги на влажна крпа да отстојат неколку минути.

Подготовката во микробранова е наједноставна и најбрза. Секој плод засечете го и ставете ги во микробранова на максимална температура и по минута-две извадете ги.

Во микробранова може и да се варат. Засечете ги на ист начин, ставете ги во сад со вода, прекријте ги со хартиена салфета и готови се за околу 5 минути.

На скара пак се највкусни. Кога со нож ќе им ја засечете кората, подредете ги на алуминиумска фолија која претходно сте ја избоцкале на неколку места. Тоа ставете го на решетката од скарата и печете додека не добијат убава боја.

Повеќе поврзани вести на Готви.мк:

Храна која задолжително треба да ја консумираат пушачите

Зошто не смеете да запалите цигара веднаш по јадењето?

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

 

singlepost_text