Идеални за послужување на забава, брзо се подготвуваат, а се многу декоративни и вкусни.
Состојки:
- 6 јајца
- 1 конзерва туна
- 4 лажици мајонез
- сол
- бибер
- 1 чешне лук
Начин на подготовка:
- Сварете ги јајцата и исечете ги по должина, а потоа извадете ги жолчките.
- Жолчките заедно со туната (од која претходно сте го исцедиле маслото), 1 лажица мајонез и лук испасирајте ги со рачка од миксер. Посолете и додајте бибер, па уште еднаш измешајте.
- Наполнете ги јајцата, декорирајте со мајонез, кечап и магдонос.
На здравје!
Оваа салата е особено здрава поради тоа што туната е богата со витамини, омега 3 масни киселини и протеини.
Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини
Италијанско предјадење за цело семејство
Замена за пржење: Еве како да подготвите крцкав помфрит во рерна