Диетална чорба со леблебии – вкусен и здрав оброк!

Диетална чорба со леблебии – вкусен и здрав оброк!

Одличен избор за сите кои внимаваат на линијата…

Состојки:

  • 160 гр леблебии
  • 1 мала главица кромид
  • половина чешне лук
  • киселец
  • 300 гр пасиран домат
  • 8 дл супа од зеленчук
  • маслиново масло
  • сол
  • лута пиперка

Начин на подготовка:

  1. Ставете леблебии во сад, налијте ги со млака вода и оставете ги да отстојат 12-24 часа, променувајќи ја водата најмалку еднаш за тоа време.
  2. Исцедете ги леблебиите, префрлете ги во тенџере, прелијте ги со студена вода и гответе ги 2 часа. Исцедете ги повторно, па третина од леблебиите изблендирајте.
  3. Исечкајте киселец. Излупете кромид и лук и исечкајте ги, па пропржете ги во тенџере на неколку лажици масло. Додајте киселец, потоа и целите и изблендираните леблебии, па на крај пасираниот домат.
  4. Гответе неколку минути, па додајте супа, поклопете и гответе дваесетина минути.
  5. Посолете, зачинете со малку сечкана лута пиперка и послужете со топол потпечен леб.

На здравје!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text