Изберете прелив по желба и уживајте во егзотичниот вкус…
Состојки:
- 1/4 шолја кокосово брашно
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- прстофат сол
- 3 лажици кокосово масло + уште за пржење
- 1 лажица мед
- 3 јајца
- 1/3 шолја бадемово млеко
- 1/2 лажичка екстракт од ванила
- лажичка рендана кора од лимон
- прелив по желба (мед, џем…)
Начин на подготовка:
- Во сад со средна големина измешајте брашно, прашок за пециво и сол.
- Во посебен сад измешајте 3 лажици кокосово масло и мед. Добро измешајте, но не грижете се ако остане некоја грутка. Додајте едно по едно јајце, а притоа непрекинато мешајте. Додајте и бадемово млеко, екстракт од ванила и кора од лимон.
- Додајте ја смесата со мед и јајца во сувите состојки и добро измешајте. Не претерувајте со мешање, за палачинките да бидат меки.
- Загрејте во тава кокосово масло и ставете од смесата. Испечете палачинки.
- Готовите палачинки прелијте ги со прелив по желба и послужете.
Уживајте!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
За сите гурмани – Палачинки кватро салами
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт