Еве зошто не е добро да се биде вегетаријанец

Еве зошто не е добро да се биде вегетаријанец

Научниците направиле големо истражување на 1.320 лица поделени во четири групи.

Во една група биле само вегетаријанци, во друга луѓе кои јадат месо, како и многу овошје и зеленчук, луѓе кои јадат малку месо, и луѓе кои јадат многу месо.

На основа на анализите на навиките на луѓето поделени во групи, заклучено е дека вегетаријанците почесто се разболуваат, и дека често имаат полош квалитет на живот отколку лицата кои конзумираат месо.

Научниците наведуваат дека вегетаријанците почесто добиваат рак и срцев удар, а се покажало и дека почесто имаат психолошки проблеми.

Вегетаријанците имаат двојно повеќе алергии од лицата кои јадат многу месо (30.6 отсто во однос на 16.7 отсто) а кај нив рак се јавува 166 отсто повеќе (4.8 отсто во однос на 1.8 отсто).

Исто така се покажало дека имаат 150 отсто повеќе шанси за срцев удар (1.5 отсто во однос на 0.6)

Проучувани се 18 различни хронични болести. Кога ќе се споредат со оние кои јадат многу месо, вегетаријанците 14 од тие 18 болести ги имаат повеќе (78 отсто), а тие вклучуваат астма, дијабетес, мигрени и остеопороза.

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки