БОГАТ И КРЕМАСТ ВКУС: Рецепт за свилена торта

БОГАТ И КРЕМАСТ ВКУС: Рецепт за свилена торта

Многу богат и кремаст вкус кој ќе ве освои при првиот залак…

Состојки:

  • 10 јајца
  • 400 гр + 10 лажици шеќер
  • 1,5 маргарин
  • 400 гр шеќер во прав
  • 4 пудинга од ванила
  • 300 гр мелен кекс
  • 200 гр чоко банана
  • 200 гр суво грозје
  • 200 гр желе бонбони
  • 3 кесички шлаг

Начин на подготовка:

  1. Разматете 10 белки со 400 гр шеќер и сушете на 150 степени во плех обложен со хартија за печење околу еден час.
  2. За филот, разматете на пареа 10 жолчки и 10 лажици шеќер додека не згуснат. Посебно разматете маргарин со 400 гр шеќер во прав. Згответе ги пудинзите во 1 л млеко, изладете и соединете ги сите смеси.
  3. Поделете го филот, па во една половина додајте 300 гр мелен кекс, а во другата по 200 гр исечкани чоко банани, суво грозје и желе бонбони.
  4. На кората ставете прво од филот со кекс, па шарениот фил и целата торта премачкајте ја со шлаг.

Уживајте во богатиот вкус!

Повеќе поврзани вести на Готви.мк:

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

singlepost_text