Како мезе или како главно јадење – неодоливи полнети шампињони…
Состојки:
- 400 гр шампињони
- 1 помала тиквица
- 1 поголем домат
- 1 жолта пиперка
- маслиново масло
- сол
- 100 гр фета сирење
Начин на подготовка:
- Шампињоните измијте ги и исушете ги, па одвојте ги од дршката. Шеширите подредете ги на хартија за печење и кратко печете ги во рерна.
- Исечкајте ги што поситно дршките од шампињоните, тиквицата, доматот и пиперката. Пропржете кратко на малку маслиново масло и посолете.
- Наполнете ги шеширите со зеленчук и на секој ставете по малку фета сирење.
На здравје!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk
Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки
Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки