Ви пренесуваме рецепт за вкусна пита со јогурт која лесно се прави, а има неверојатен вкус…
Состојки:
- 500 гр кори за пита
- 4 јајца
- 1 лажичка сол
- 600 мл јогурт
- 100 мл кисела вода
- 50 мл масло
Начин на подготовка:
- Јајцата разматете ги со миксер. Додајте сол, јогурт, масло и кисела вода. Тепсијата намастете ја или обложете ја со хартија за печење.
- Две кори ставете на дното и две одвојте за од горе. Останатите кори згужвајте ги, редете ги во тепсијата и ставајте од филот.
- На двете последни кори ставете 1-2 лажици фил и премачкајте.
- Печете околу половина час во рерна загреана на 200 степени.
- Послужете со јогурт или кисело млеко.
На здравје!
Рецепт за вистински пица деликатес
Летен појадок кој ќе го правите секој ден
Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин