Ванилици – колачињата кои се топат во уста. Ако сакате да уживате во вкусот кој ќе ве врати во детството погледнете го овој рецепт.
Состојки:
- 500 гр маст
- 800 гр брашно
- 180 мл јогурт
- 2 кесички ванилин шеќер
- 200 гр џем (по избор)
- 250 гр шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Во сад ставете маст, јогурт и ванилин шеќер па мешајте додека состојките не се соединат.
- Додајте брашно и замесете тесто додека не стане глатко (околу пет минути).
- Развлечете кора со дебелина од 1 сантиметар и вадете кругчиња со чаша.
- Ставете ги во плех (не е потребно да го намастите) и печете на 200 степени 20 минути.
- Кога колачињата ќе станат млаки премачкајте ги со џем, па преклопете со друго колаче како сендвич.
- Посипете ги со шеќер во прав.
- Колачињата е најдобро да се послужат по неколку дена, а можете да ги чувате и до 20 дена во затворена лимена кутија.
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома