Senigallia – Хотел, бар и ресторан кој стана уште едно обележје на Скопје

Senigallia – Хотел, бар и ресторан кој стана уште едно обележје на Скопје

По урнекот на светските метрополи, пред 10 месеци Скопје го доби првиот хотел на вода. Senigallia – хотел, бар и ресторан кој е сместен на кејот во центарот на главниот град на самата река Вардар, во овој краток период веќе има сместено стотици странски туристи и секојдневно угостува голем број на домашни гости кои уживаат во огромниот избор на врвни специјалитети.

Во секој период од денот Senigallia е едно од омиленото места на скопјани кои во барот или на палубата го пијат омиленото кафе, ги одржуваат своите состаноци и деловни средби или уживаат во неодоливите гастрономски специјалитети кои тука се подготвуваат.

Екипа на Gotvi.mk, на покана на Senigallia, денеска имаше можност да го разгледа хотелскиот дел кој се состои од 18 соби кои се уредени со многу вкус и внимание, климатизирани и опремени со интернет и кабелска телевизија, како и мини бар.

Во барот и ресторанот, покрај дел од гостите на хотелот, затекнавме и голем број домашни гости од сите возрасти. И ние, како нив уживавме во прекрасниот амбиент и услужлив персонал кој нуди услуга по сите светски стандарди успевајќи да го направат вашиот престој во Senigallia посебно доживување.

На крајот од оваа наша средба, добивме покана во наредниот период нашите читатели одблиску да ги запознаеме со специјалитетите кои ги приготвуваат врвните готвачи на Senigallia. Секако, со задоволство прифативме, така што наскоро очекувајте многу вкусни фотографии од македонската, италијанската и многу други светски кујни 🙂

На излегување, на самиот влез забележавме неколку групи туристи кои се фотографираа и правеа селфи фотографии.

Дефинитивно Senigallia е уште едно обележје на главниот град и цела Македонија.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Дохранување на вашето бебе – Прочитајте искуство и совети од родители

Грижете се за здравјето на бебето: Еве што треба да јадат трудниците

ФОТО: Еве како ќе се вика петтото дете на Џејми Оливер

ФОТО: Џејми Оливер е татко за пример

Зошто се прават мекици и зошто мајките не се присутни?

Северина држи диета кога е бремена – Еве која

ВИДЕО: Кои се 10 најважни намирници за бебињата

Преслатко: Реакција на бебиња кога за прв пат пробуваат сладолед (видео)

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

ВИДЕО: Вистинска „магија“ со која ќе ги воодушевите децата – ви треба лубеница

singlepost_text