Најубавиот леб на светот, а никогаш не сте го пробале: Португалска пченкарна погача со мед!

Најубавиот леб на светот, а никогаш не сте го пробале: Португалска пченкарна погача со мед!

Кога еднаш ќе го пробате, со тешко срце ќе се вратите на обичниот леб…

Состојки:

  • 2 шолји брашно
  • 1 шолја пченкарно брашно
  • 1 шолја вода
  • половина шолја млеко
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица мед
  • 1 лажичка сол
  • 1 кесичка квасец

Начин на подготовка:

  1. Пченкарното брашно измешајте го со млако млеко и вода, па оставете го да отстои десетина минути. Додајте квасец, масло, мед и остатокот од брашното, па замесете глатко тесто. Оставете го да отстои еден час, па премесете.
  2. Обликувајте леб и ставете го во тепсија, па оставете го да отстои додека рерната не се загрее на 230 степени.
  3. Ставете го да се пече 5 минути на 230 степени, па намалете ја температурата на 200 степени. Печете уште 25 минути, извадете го и прекријте го со крпа.
  4. Откако ќе се излади, можете да уживате во својот вкусен леб.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

Домашен леб со маслинки

singlepost_text