Домашни компир мафини од рерна

Домашни компир мафини од рерна

Вкусни и лесни залаци кои брзо се подготвуваат…

Состојки:

  • 1 кг компири
  • рузмарин
  • магдонос
  • лук во прав
  • масло
  • лута пиперка
  • мелен бибер
  • кашкавал
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ги компирите, па исечете ги на тенки листови.
  2. Насечете рузмарин, магдонос, додајте 1 лажица лук во прав, 50 мл масло, малку точлена лута пиперка, бибер и добро измешајте ги сите состојки.
  3. Добро намастете плех за мафини, па загрејте го во рерна. Редете ги листовите компир и полнете ги калапите за мафини, додавајќи од смесата зачини.
  4. Од горе посипете изрендан кашкавал и сусам.
  5. Печете на 200-250 степени додека не порумени. Послужете како прилог или главно јадење!

На здравје!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо