Направете мал пресврт во подготвувањето торти! Ќе ги воодушевите домашните со солена торта со спанаќ и сирење.
Состојки:
- 1 шолја бело брашно
- 1 шолја пченкарно брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
- половина шолја масло
- 3 јајца
- половина килограм спанаќ
- 200 гр сирење (по избор)
- 200 гр шунка
- малку сол
Начин на подготовка:
- Вклучете ја рерната на 200 степени.
- Во чинија измешајте бело и пченкарно брашно. Додајте прашок за пециво, јајца, масло, сол. Измешајте.
- Додајте сварен и исечкан спанаќ, сирење, шунка сечкана на коцки. Добро измешајте.
- Обложете плех со хартиа за печење, ставете ја смесата и печете 30-40 минути.
На здравје!
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини
Направете домашен песто сос со тестенини
Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти: