Ова е вистинско гурманско јадење…
Состојки:
- 300 гр мелено месо
- 300 гр варен компир
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 2 јајца
- 1 лажичка куркума во прав
- 1 лажичка свеж сечкан магдонос
- сол, мелен бибер
- на врв на нож сода бикарбона
- 6 лажички кајмак
- брашно
- презла
- масло
Начин на подготовка:
- Измешајте го месото со варен компир (компирот излупете го и исечете го на коцки, сварете го, добро исцедете и иситнете го со вилушка), ситно сечкан кромид и лук, ситено сечкан магдонос.
- Додајте 1 јајце, 1 жолчка, куркума во прав, сол, мелен бибер и сода бикарбона. Измешајте добро – треба да се соедини.
- Смесата поделете ја на 6 делови. Со влажни раце земете топче месо и растегнете го во елипсовиден круг, на средината ставете 1 лажичка кајмак.
- Затворете и израмнете со ваљак, кој претходно сте го побрашниле. Ќебапот ставете го во разматрена белка, па во презла.
- Загрејте масло и пржете од двете страни.
На здравје!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо