Домашна пита со кисело млеко

Домашна пита со кисело млеко

Еве како да го подготвите ова вкусно јадење…

Состојки:

  • 1/2 кг кора за пита
  • 5 јајца
  • 1 дл млеко
  • сол по вкус
  • 8 дл кисело млеко
  • 1 дл масло
  • 1/2 дл вода

Начин на подготовка:

  1. Разматете ги јајцата со сол и млеко, па додајте половина мера масло и соединете.
  2. Тепсијата намастете ја со останатиот дел од маслото (оставете малку)
  3. Ставете 4 кори, секоја премачкајте ја со смеса од јајца вклучувајќи ја и четвртата кора, па на неа ставете слој кисело млеко. Така редете додека има кори и фил, но оставете малку од смесата од јајца.
  4. Кога ќе ја ставите последната кора, питата избоцкајте ја со нож, па залијте ја со вода и протресете ја тепсијата лево-десно за водата рамномерно да се распореди.
  5. Остатокот од јајцата за премачкување на корите соединете го со маслото кое ви остана и со тоа премачкајте ја питата.
  6. Печете во рерна загреана на 200 степени, околу 40 минути.

На здравје!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт