Мирјана и Зоран пред неколку недели започнале со дохрана на својот син Марко. Мирјана со читателите на Gotvi.mk ги споделува нивните искуства, но и како да се справите со „морето“ на различни, а некогаш дури и контрадикторни совети кои доаѓаат од стручните лица, но и најблиските.
Еве го изворно нивното искуство:
По 6 месеци ексклузивно доење започнавме со дохрана. Интересно е тоа што колку доктори да прашате за мислење како да ја конципирате шемата на исхрана, исто толку различни одговори ќе добиете. Затоа, најдобро е да “купите” од сите по нешто, а потоа комбинирајте и адаптирајте онака како што е најдобро за вашето бебе. Најважно е да го следите, ќе видите што нему највеќе му одговара. Не се плашете, основата е иста, како што би рекол Балашевиќ ”све су остало нијансе”.
Сега ја минуваме овошната фаза. Овошје купуваме од пазар, но ако имате од каде да набавите природно и непрскано овошје вие сте среќна коцка 🙂 Доколку и вам ви преостанува пазарот како единствена опција, тогаш покиснувајте ги овошјето и зеленчукот во вода со сода бикарбона. Нека постои дваесетина минути до еден час, во зависност од типот на плодот. На пример овошјата се тврда кора како јаболка, круша стојат подолго. Малинката пак треба да се чува пократко. Викаат дека на овој начин се отстрануваат хемикалиите и пестицидите со кои се третираат овошјето и зеленчукот.
Овошјето е најдобро да се консумира свежо. Се препорачува сезонско овошје и тоа оние видови кои виреат во нашите краишта или барем тие да бидат доминантни. Ние до сега пробаме јаболка, круша, банана, диња, малина, дуња и тиква. Последниве две секако претходно ги сварив. Овошни кашички консумираме два пати во денот, една наутро и следната попладне. Утринската ни е моно, попладневната комбинација од овошки. Најважно е кога воведувате нова овошка да ја дадете сама или во комбинација со овошје кое ви е веќе испробано, така ќе знаете кој е плодот кој предизвикува алергија, доколку се појават одредени симптоми.
Еве и некои совети кои ги добив, а може да ви бидат корисни: 1. Јаболкото, крушата, бананата можете да ги грепкате директно со лажичка. Ова е практично доколку сте излезени, а од друга страна јаболката и крушата пуштаат од сокчето, па вашето бебе ќе може да го вкуси. 2. Исто така постојат и мрежички за хранење. Ги има во Зегин. Овошјето се сечка, се става во мрежичката и бебето може директно да ја цица течноста од овошјето. Некои родители имаат позитивно искуство, моето бебе не ја засака. Јас сега за сега ја складирав, ќе ја пробам повторно кога ќе почнат да му растат запчиња, можеби ќе му годи да си ги чеша непцата.
Во однос на количината, дајте му на вашето бебе да јаде колку што сака. Ако не ви успее од одма, бидете трпеливи и упорни. Малку по малку, создавајте му ја навиката за јадење. Паралелно давајте му да цица, тоа е многу важно. Ние имавме среќа, нашето бебе од одма ја засака храната. Тоа се насетуваше уште пред да почнеме да му даваме да јаде. Кога ќе видеше храна на масата очињата му се ококоруваа, а и видливо беше како се слади со устичето 🙂 Она што би им го препорачала на мајките на бебињата гурмани е да не претеруваат со количините. Доколку и понатака бебето дава знаци дека е гладно, дајте му да цица.
Не заборавајте, задачата на докторите е да ни предочат што смееме, што не смееме, да нè посоветуваат, а нашата задача како родители е нивното знаење и искуство, нивните совети да ги прилагодиме за потребите на НАШЕТО бебе.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Грижете се за здравјето на бебето: Еве што треба да јадат трудниците
ФОТО: Еве како ќе се вика петтото дете на Џејми Оливер
ФОТО: Џејми Оливер е татко за пример
Зошто се прават мекици и зошто мајките не се присутни?
Северина држи диета кога е бремена – Еве која
ВИДЕО: Кои се 10 најважни намирници за бебињата
Преслатко: Реакција на бебиња кога за прв пат пробуваат сладолед (видео)
Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките
ВИДЕО: Вистинска „магија“ со која ќе ги воодушевите децата – ви треба лубеница