Компирот е навистина вкусна намирница. Корисен е за секој оброк и со него се прават многу специјалитети. Овие палачинки се токму таков пример:
Состојки:
- 2 јајца
- 2 лажици брашно
- 1/2 лажичка сол
- 1/4 лажичка пипер
- 6 излупени и изрендани компири
- 1/2 шолја убаво исечкан кромид
- 1/4 шолја масло за готвење
Начин на готвење:
- Изренданите компири и убаво ичечканиот или изрендан кромид ставете ги во сад со многу ладна вода. Измешајте ги и оставете ги да отстојат околу 20 до 30 минути.
- Во друг сад ставете ги јајцата, посолете ги, ставете малку пипер и црвен пипер. Измешајте убаво додека не се соедини смесата.
- Откако ќе помине времето на отстојување, извадете ја смесата од компири и кромид од вода и убаво исцедете ја. Многу е важно убаво да исцедите од вода, во спротивно рецептот нема да ви биде успешен.
- Во садот додадете ја смесата од изматени јајца и убаво промешајте додека состојките не станат компактни. Оставете да отстои покриено со проѕирна фолија.
- Пржете во сад со загреано масло за готвење додека палачинките не поруменат од двете страни.
Повеќе детали погледнете во видеото:
Повеќе видеа со кулинарски рецепти, совети и трикови погледнете тука
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири
Полнет компир по наједноставен рецепт
ВИДЕО: 10 креативни рецепти за кои ви се потребни само компири
ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири
ВИДЕО: Како да излупиме лук, јајце, банана и компир за 5 секунди?