Само за љубителите на пикантни залаци…
Состојки:
- 8 тенки парчиња сланина
- 1/2 шолја мед
- 1/2 шолја темно пиво
- 1 лажица сенф
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 150 степени. Обложете плех со хартија за печење.
- Во тава со нелепливо дно загрејте мед, кога ќе почне да врие намалете ја температурата и оставете да струи 3 минути, па потоа додајте пиво и оставете да струи додека смесата не се намали за половина. Отстранете ја од рингла и измешајте ја со сенф.
- Во меѓувреме на плехот наредете ја сланината, прекријте ја со хартија за печење и печете 15 минути.
- Со хартиена салфета остранете го вишокот маснотии од сланината и премачкајте ја со глазура од пиво.
- Намалете ја температурата на рерната на 130 степени и вратете ја сланината да се пече додека не стане крцкава, околу 40-45 минути.
- Печената сланина извадете ја од плех и ставете ја на хартиена слафета да се исцеди вишокот маснотија, но така што глазираната стана ќе биде горе.
- Послужете веднаш!
На здравје!
Поврзани рецепти на Gotvi.mk
Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици
ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути
Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута