Ликер од портокал

Ликер од портокал

Овој ликер со заводлив вкус се прави многу лесно, но се чека малку подолго пред да биде готов за конзумирање…

Состојки:

  • 1 л рум
  • 4 л бело вино
  • 700 гр шеќер
  • 12 портокали
  • 2 лимони
  • 2 стапчиња ванила

Начин на подготовка:

  1. Портокалите и лимоните измијте ги и исечете ги.
  2. Во голема тегла ставете вино, шеќер и рум. Мешајте додека шеќерот не се растопи. Додајте ги портокалите и стапчињата ванила и добро измешајте. Затворете го садот и држете го на студено и темно место.
  3. Мешајте го ликерот на секои 7 дена.
  4. Оставете го да отстои 40 дена. Потоа процедете и ставете го во шишиња, па оставете го на студено место уште неколку месеци.

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести и рецепти:

Мажите ќе ве обожаваат: Направете им сладолед од пиво

Брашно, пиво, јајца и путер – 4 состојки за генијален резултат во кујната

Вкусно мезе: Крокети со пилешко и шунка – одлични за со ладно пиво

Необичен десерт на кој мажите ќе се радуваат: Палачинки со пиво

Заврши „Пивофест 2016“, организаторите презадоволни – Колку пиво се испило?

Маријана главна ѕвезда на Пивофест – А, еве кој напиток за бронзен тен го препорачува!

Викенд мезе: Поховани маслинки – одлично одат со пиво

Добра вест за мажите: Ако пиете пиво ќе бидете ѕверови во кревет