Компирот можете да го подготвите на различни начини, а ова е еден од најдобрите.
Состојки:
- 1 кг компир
- 500 гр колбаси
- 200 гр кромид
- 300 гр морков
- 1 дл масло
- сол
- магдонос – ситно исечкан
Начин на подготовка:
- Исчистените компири исечете ги на тенки парчиња
- Тенко исечете го и кромидот, морковите и колбасите.
- Додајте малку масло и сол, па добро измешајте.
- Исечените колбаси и зеленчукот наредете ги во намастена тепсија.
- Јадењето печете го 50 минути на 190 степени.
- Јадењето е готово кога компирот ќе омекне.
- На крај на компритите посипете со исечкан магдонос.
На здравје!
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт