За посната среда ви нудиме посен и вкусен ручек од ќебапи со црвено гравче.
Состојки:
- 400 гр црвено гравче
- 4 лажици хељда
- ½ кромид
- 1 лажичка лук во прав
- 1 лажица црвен пипер
- 1 лажица буковец
- 1 лажица магдонос
- 4 лажици презла
- неколку печурки
Поготовка:
- Кромидот го ставаме со хељдата во блендер, па потоа во смесата го ставаме и исцеденото гравче. Ги додаваме и печурките и ја соединуваме смесата.
- Ставаме магдонос,буковка, црвен пипер, лук во прав и презла.
- Правиме ќебапи и ги печеме на масло.
Повеќе од 80 посни и веге рецепти
Специјалитет на денот: Пита со мелено месо
Лесковачка урнебес салата – одлична промена во кујната
Печени тиквички со пилешко и зеленчук