СУПЕРНАМИРНИЦИ за подобро памтење и концентрација

СУПЕРНАМИРНИЦИ за подобро памтење и концентрација

Дали можеби имате проблеми со памтењето на имињата на нови лица со кои штотуку сте се запознале?

Тоа се знаци дека вашиот секојдневен начин на живот му оневозможува на мозокот да создаде некои нови сеќавања.

Едно од последните истражувања, спроведено на Универзитетот Колумбија, открило дека високата концентрација на флаванол во какаото спречува „метнално пропаѓање“ кај здрави постари лица. Уште неколку „трикови со прехраната“ може да ви помогнат, потребно е само во секојдневната исхрана да ги вметнете овие намирници.

Путер од бадеми

Заменете го путерот од кикирики со путер од бадеми. Бадемите, како и многу јаткасти плодови и семки, содржат висока концентрација на витамин Е за кој е познато дека го намалува ризикот од когнитивни оштетувања.

Спанаќ, брокули

Спанаќот и брокулите изобилуваат со витамини. Овие зеленчуци содржат високо ниво на фолна киселина која во комбинација со витамин Б12 ги подобрува когнитивните функции кај постари лица.

Боровници

Боровниците содржат флавоноиди, а антиоксидансите помагаат во спречување воспаленија кои долгорочно можат да предизвикаат проблеми за мозокот.

Зелен чај

Едно истражување покажало дека испитаниците кои пиеле зелен чај покажале исклучително подобри резултати на когнитивно-функционален тест од оние кои не го пиеле.

Лосос и туна

Омега 3 масните киселини кои ги има во лососот и туната помагаат во подобро памтење.

Чери домат

Овие мали плодови се одличен извор на каротеноиди кои ги подобруваат когнитивните способности и памтењето.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината