Мали, слатки чајни бомбици кои брзо се подготвуваат. А еве и како…
Состојки:
- 1 шолја путер
- 1 лажичка ванилин екстракт
- 6 лажици шеќер во прав
- 2 шолји брашно
- 1 шолја мелени ореви
- 1/3 шолја шеќер во прав – за декорација
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Добро разматете ги путерот и екстрактот од ванила. Полека додавајте шеќер и брашно.
- Потоа додајте ги оревите.
- Од тестото направете топчиња. На плех ставете хартија за печење и наредете ги топчињата. Печете во рерна околу 10 минути.
- Кога ќе се изладат, посипете ги со шеќер во прав.
Уживајте!
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди
Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено
За сите гурмани – Палачинки кватро салами
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт