Зимница во тегла: Варени пиперки (ВИДЕО)

Зимница во тегла: Варени пиперки (ВИДЕО)

Зимницата не може да се замисли без варени пиперки од тегла.

Состојки:

  • 6 кг пиперки
  • 2 л вода
  • 1 л алкохолен оцет
  • 2 лажици шеќер
  • 200 гр сол
  • ловоров лист
  • бибер во зрно
  • 1 главица лук
  • магдонос
  • целер

Начин на подготовка:

  1. Пиперките исчистете ги од семки. Во тенџере ставете вода, додајте оцет, шеќер, бибер, сол, па кога водата ќе зоврие додајте ги пиперките. Водата треба добро да струи, а пиперките само малку да омекнат за да може да се наредат во теглите.
  2. Потоа, извадете ги пиперките, наредете ги во тегли, помеѓу ставете сечкан лук и магдонос. Налијте ги со водата во која ги сваривте пиперките.
  3. Затворете ги теглите и наредете ги во рерна. Вклучете ја на 90 степени, горниот и долниот греач и тајмерот на 30 минути. Кога тајмерот ќе се исклучи оставете ги теглите во рерна да се изладат.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Вкусен појадок

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт