На наједноставен начин подгответе го овој есенски десерт

На наједноставен начин подгответе го овој есенски десерт

Есента ни пристигна, а со неа и есенските намирници кои се полни со вкус и мирис.

Тиквата е една од омилените есенски намирници. Доколку баш и не сте љубител, пробајте малку да експериментирате и ќе создадете магија, пишува Добре Калорије.

Ова е наједноставниот начин, а потребни ќе ви бидат парче слатка тиква, малку путер и калинка.

Начин на подготовка:

  1. Слатката тиква исечете ја на ситни коцки и истите динстајте ги на путер.
  2. Ако тиквата е многу тврда додајте малку вода и динстајте додека коцките не омекнат, но не треба да се распаднат.
  3. Сервирајте на чинија со семки од калинка.
  4. Доколку сакате посладок десерт, прелијте ја тиквата со мед или друг засладувач, а ако сакате побогат десерт можете да додадете јаткасти плодови.

Уживајте!

Повеќе поврзани вести на Готви.мк:

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Овошен колач со јагоди