Рецепт за вкусен медитерански прелив

Рецепт за вкусен медитерански прелив

Еве како да го направите овој вкусен прелив…

Состојки:

  • 500 гр кромид
  • 1 дл маслиново масло
  • 3 кг домати, исчистени и измелени
  • 1 лажица сол
  • 3 лажици шеќер
  • босилек
  • оригано
  • магдонос
  • целер
  • 15 чешниња лук
  • бибер во зрно

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте половина килограм црвен кромид. Ставете 1 дл маслиново масло во поголемо тенџере и ставете го на рингла благо да се загрее. Додајте го кромидот.
  2. Динстајте го кромидот само на масло. Ринглата нека ви биде на средна температура. Динстајте го кромидот 10 минути со константно мешање.
  3. Додајте 3 кг исчистени и измелени домати, додајте шеќер, сол и гответе 40 минути на среден оган со повремено мешање.
  4. Исечкајте целер, магдонос, босилек и оригано. Ставете ги во тенџерето и гответе уште 20 минути.
  5. Додајте ги и 15-те чешниња лук, ситно исечкани.
  6. Додајте десетина зрна бибер и гответе додека не згусне, односно додека две третини од течноста не испарат.
  7. Ставете го преливот врел во врели тегли, ставете целофан, па капачиња. Теглите пастеризајте ги околу 20 минути. Оставете да се изладат.
  8. Преливот се користи како подлога за пица, шпагети, риба, брускети, компир…

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Вкусен појадок

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт