ЧОКОЛАДНА ЦВЕТ ПОГАЧА: Изгледа убаво, а лесно се прави!

ЧОКОЛАДНА ЦВЕТ ПОГАЧА: Изгледа убаво, а лесно се прави!

Може да послужи како брз десерт или како слатка вечера…

Состојки:

  • 1 кг брашно + 100 гр за посипување
  • 500 мл млеко
  • 300 мл масло
  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица сол
  • 50 гр свеж квасец
  • 300 гр нутела или еурокрем

Начин на подготовка:

  1. Млекото благо загрејте го и во него додајте го квасецот со малку сол и шеќер па оставете да надојде.

     

  2. Потоа во чинија разматете масло, јајца, шеќер и сол па додајте го надојдениот квасец. Кога тоа убаво ќе се размати, постепено додајте го брашното и замесете тесто. Оставете го 30 минути на топло место. Кога тестото ќе надојде поделете го на три дела.

     

  3. Првиот дел развлечете го на рамна површина во правилен круг и намачкајте го со нутела или еурокрем, а потоа истото направете го и со останатите два дела. Наредете ги еден дел над друг, како торта.

     

  4. Потоа ставете чаша на средината на кругот и со остар нож сечете го тестото од чашата кон крајот на кругот, правејќи „реси“ од тесто. Секоја реса благо свиткајте ја.

     

  5. Премачкајте со јајце и печете на 170 степени 40 минути.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text