Ви се пријаде нешто благо, а немате идеја што да си подготвите? Вкусна чоколадна кремпита која се топи во устата може да биде готова за само 30 минути. Еве што ви е потребно за овој чоколаден рај:
Состојки:
- 2 јајца
- 60 гр шеќер
- 2 лажици млеко
- 40 гр масло
- 1 кесе екстракт од рум
- 1 лажица брашно
- 1 лажица какао
- 50 гр мелени бадемиЗа кремот:
- 150 гр чоколада
- 500 мл вода
- 1 кеса крем за кремпита
Подготовка:
- Жолчките се матат со половина од шеќерот, па се додаваат млекото, маслото, румот, шеќерпт, и брашното со какаото и бадемите.
- Се прави цврст снег од белките со шеќерот кој преостанал, па смесата се става во калап за печење. Се пече 20 минути на 170 степени.
- Чоколадото се топи на пареа, па се соединува со кремот кој ќе го подготвите по упатствата на кесата. Се мати околу пет минути и се нанесува на оладениот бисквит.
- Чоколадната кремпита се украсува со чоколадни трошки.
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега