Сите ги сакаме компирите на кој начин и да се подготвени. Овој пат ви нудиме компир во мелено месо со неодолив вкус.
Состојки:
- ½ компири
- 350 гм мелено месо
- 1 кромид
- 1 морков
- 2 пиперки
- ½ литри врела вода
- 200 гр домати
- 50 мл павлака за готвење
- зачини
Подготовка:
- Компирот излупете го и исечете го на четвртинки, морковот на ситни коцки, кромидот што е можно поситно, пиперката по желба.
- Во тава ставете масло и пропржете го меленото месо, додадете зачини и црвен пипер.
- Додајте го кромидот, компирот, доматите, морковите и оставете да се крчка петнаесетина минути.
- Додајте ги и пиперките и павлаката.
- Мешајте и послужете во длабока чинија.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи