Еве како да направите ПОМФРИТ КАКО ОД МЕКДОНАЛДС!

Еве како да направите ПОМФРИТ КАКО ОД МЕКДОНАЛДС!

Не постои повкусен помфрит на светот, но ако мислевте дека може да се направи само во Мек рестораните, сте се излажале.

Ако сте се обиделе да ја сфатите тајната на вака подготвен помфрит, денес е вашиот ден! Ви пренесуваме рецепт за највкусниот помфрит на светот:

За почеток потребни ви се неколку компири, потрудете се да бидат поголеми, а потоа излупете ги и исечете ги. За да бидат со иста големина, најдобро е да користите сечкалица, но можете и со нож.

Потоа земете сад, ставете студена вода и потопете ги компирите. По пет минути, извадете ги компирите за да се исцедат, а потоа во садот ставете зовриена вода.

Сега следи тајната: во зовриената вода ставете малку шеќер и сируп од пченка. Оваа комбинација ќе му даде крцкавост на компирите.

Потоа префрлете ги компирите во овој сад и оставете ги десет минути. Извадете ги компирите на хартија, а потоа ставете ги во фрижидер на 20 минути, а потоа испржете ги во фритеза.

Она што е важно е помфритот да го пржите два пати. Птвиот пат држете го фритеза само 2 минути, извадете го на хартија и оставете го 10 минути. Потоа повторно вратете го во фритеза и пржете уште 5-7 минути.

Вашиот помфрит од Мек е готов! Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо

singlepost_text