Дали треба да јадеме јајца секој ден?

Дали треба да јадеме јајца секој ден?

Јајцата се извор на железо, протеини, аминокиселини и антиоксиданси, лесни се и брзо се готват.

Меѓутоа, дали честото конзумирање на оваа намирница може да му наштети на нашиот организам?

Доктор Френки Филипс за Индепендент рекол:

„Не постои официјална граница за бројот на јајца кои може да се изедат дневно. Реална порција би била 2 јајца, бидејќи две јајца содржат 12 грама протеин, како и корисна количина витамини А, Д и Б, јод и селен“.

„Јадете јајца со некој извор на витамин Ц, како што е сок од портокал, како би се апсорбирало железото“.

Едно јајце на ден може да биде добро за здравјето. Јајцата ќе го подобрат имуниот систем, ќе ги зајакнат забите, коските и кожата. Се верува дека аминокиселините во јајцата ослободуваат од стрес и анксиозност.

„Од друга страна, како и секоја храна, и јајцата имаат калории (130kcal – 2 јајца) така што јдењето премногу јајца може да го зголеми бројот на внесени калории и да ја наруши диетата“, додава докторот.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Вистински специјалитет – Бургер од растурено пилешко со барбекју сос

Салата која летово ќе ја правите секој ден

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text